
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание.
Недовербата што Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее да биде приватен клуб за заштита на луѓето што ја уништија правдата и институциите во Македонија.
Нема да дозволиме правниот систем да биде блокиран поради политички калкулации. Разрешените членови мора веднаш да се повлечат и да ја почитуваат одлуката на највисокото законодавно тело во државата.
Владеењето на правото мора да биде водечка сила во општеството!
Досегашната практика на партиско контролирање на судството од страна на поранешната власт мора да заврши, а судските институции конечно да работат во интерес на граѓаните.
Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно Уставот и законите! Судскиот совет мора да биде независен, кредибилен и ослободен од политички влијанија. Ова е момент кога треба да покажеме дека правдата е возможна и дека институциите ќе работат во служба на народот.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите во правниот систем и на обезбедување вистинска правда за сите граѓани.