Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Sdsm 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Подобро е ДПМНЕ да молчи и да не го повикува СДСМ за било што поврзано со Пуцко Петрол и Ратко Капушевски, бизнис изроден како резултат на коалицијата ДПМНЕ и ДУИ.


Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски”, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури.

Пуцко Петрол е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат.

Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ.

СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот.

Секој кој се огрешил треба да одговара.

Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега.

Можете да прочитате

Мисајловски на трибина посветена на петгодишнината од членството во НАТО

Јавното обвинителство со реакција до Мицкоски: Никој не смее одлуките на обвинителството да ги користи за дневно-политичко поентирање

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицината и е-здравството во Северна Македонија