Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации

05032025 Mickoski Opstina Ilinden 3.jpg

„Импресивно делува сето тоа бидејќи до крајот на месецот очекуваме нов 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар.”, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

„60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната влада во рок од две-три години да го помисли. Сега, за неколку месеци веќе е решено, и доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти и доброто е тоа што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град.


И нормално тоа е добро за туристичката сезона во Охрид, и нашите туристички центри, не само Охрид туку и останатите бидејќи на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до останатите туристички места низ државата.”, потенцираше Мицкоски.

Можете да прочитате

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри

Уапсени 11 возачи, петмина возеле без положен возачки испит, а тројца под дејство на алкохол