Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: 12 часот, како што му ветив, јас на координација кај Бране, а Бране го немаше!

483511207 10212267856847149 7238968158668852662 N.jpg

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска објави фотографија од пред Собранието, истакнувајќи дека отишол на најавената координација со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, но тој не се појавил.

„12 часот, како што му ветив, јас на координација кај Бране, а Бране го немаше“, напиша Трендафилов на својот фејсбук-профил.


Трендафилов вчера, на прес-конференција во ССМ, најави дека ќе се сретне со Петрушевски, кој претходно ги критикуваше синдикалните барања како нереални и политички мотивирани. Синдикалниот лидер јавно го повика пратеникот да ја зголеми минималната плата на 550 евра, најавувајќи поддршка ако тоа биде негов предлог.

„Ако не најдеме заеднички јазик, на 2 и 7 април работниците повторно ќе излезат на улица“, предупреди Трендафилов.

ССМ бара минималната плата да се зголеми за 6.000 денари и повика Владата да се откаже од придонесите за да го олесни товарот врз работодавачите. Трендафилов порача дека нема да дозволи работничките права да бидат жртва на политички игри.

Можете да прочитате

Реакција на ЗНАМ: Димитриевски не е предавник

Меџити: Чиста животна средина е наш заеднички приоритет – „Генералка викенд” е пример за европски вредности во пракса

СДСМ бара одговорност од Тошковски по вчерашното убиство во Штип