Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Оската Груевски – Ахмети во истрага

Vlen.webp.webp

Сите патишта на ова раководство на ДУИ водат кон Груевски и Сашо Мијалков. Ратко Капушевски, поранешниот кадар на Груевски за директор на СЦ Борис Трајковски, како играч на Самсоненко и Мијалков станува играч во бизнисот со нафта и се ортачува со синот на Исмаил Јахоски алијас Пуцко Петрол, човекот од највисока доверба на Али Ахмети. Со акција на МВР овој режимски картел се неофицијално се сомничи за испумпување на 10 милијарди денари преку фиктивни договори чиј предмет е штетен за воздухот и отровен мазут.

Но ова не е само криминал! Ова е и лага! Наводната „деалбанизација” со која измамнички манипулира ДУИ е само параван за нивниот страв од правосудна одговорност! Оваа партија нема веќе што да скрие од народот! Се покажаа голи пред Албанците и целосно го изгубија кредибилитетот! Нема веќе ткаенина која може да го покрие нивниот срам!
Една од последните епизоди на очајниците се заканите за политичка криза и бојкот.


Станува целосно легитимно прашањето дали зад ова сценарио на ДУИ всушност се кријат Груевски и Мијалков?

Можете да прочитате

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ

Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот

Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop” систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона