Утрински Весник
Македонија

Од истражување до апсења – „Код“ го разобличи скандалот со мазутот

Img 4924.png

Редакцијата на емисијата Код е една од новинарските редакции што во изминатите години истражуваше за сомнителните набавки на мазут во земјава – истрага што денес резултираше со апсење на бизнисменот Ратко Капушевски, неговиот бизнис-партнер и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски. Со истрагата е опфатен и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој веќе е во бегство.

Новинарската екипа предводена од Снежана Лупевска Созен откри како фирмата на Капушевски добила милионски тендер за мазут и покрај сомнежите дека нема капацитет за испорака. По објавата на истражувањето, Капушевски испратил демант со зборовите:


“Ако јас не носам мазут, нема да има струја, а ако нема струја, ти не можеш да одиш на фризер да се исфенираш за на емисија.”

Но, како што пишува Лупевска на Фејсбук, истрагата продолжила без оглед на „фризурата“ и благодарение на тогашните антикорупционери, случајот стигнал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, кое сега постапува со асистенција на МВР.

Можете да прочитате

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

(Видео) Напаѓачот од Штип со BMW проби патарина – полицијата пукаше по возилото

(Видео) Тамара со хуманитарен концерт за жртвите во Кочани