Утрински Весник
Македонија

И Асмир Јахоски е приведен во акцијата на МВР

Asmir Jahoski.jpg

Покрај Ратко Капушевски, во денешната акција на МВР и ОЈО ГОКК приведен е и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол.

„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите  се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ соопштија од ОЈО ГОКК.


Асмир Јахоски е син на Исмаил Јахоски, долгогодишен пратеник и функционер на ДУИ.

Можете да прочитате

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната

ВЛЕН: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

УГД Штип: Имаме нулта толеранција за корупција