Утрински Весник
Свет

Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина

Usa Ukraine.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја прекинал суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

-Само што ставивме крај на суспензијата на размена на разузнавачки информации со Украина, им рече Трамп на новинарите за време на летот на „Ер Форс“.


Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, минатата среда изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, а тоа извршило притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со Трамп кога станува збор за мировните преговори со Русија.

Таа суспензија можеше да и наштети на способноста на Украина да се брани од руски ракетни напади, особено со оглед на прекинот на воената помош на Вашингтон за Киев.

Кога станува збор за разговорите меѓу високи американски и украински претставници, најавени за утре во Саудиска Арабија, Трамп рече дека е оптимист.

-Ќе постигнеме многу успех, верувам, веќе оваа недела, рече Трамп.

Можете да прочитате

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Трамп со нетрпение очекува средба со првиот американски папа

Роберт Превост е новиот папа Лав XIV – прв Американец на чело на Католичката црква