Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Балканот под топлотен бран, очекуваме температури до околу 30 степени, но и временски непогоди!

Webp Worker Commands 57c874999 8tlqk 6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8 Ijihhirg 768x384 1.webp.webp

Метео анализа на Славчо Попоски:

Се прашувам, дали календарски сме се уште зима, или пак лето, зошто? Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па се до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи со уште потопло време со рано – летни температури на воздухот кои во делови од регионот, како и во нашата Македонија ќе надминуваат 25 степени, а можно е дури истите да се искачат и дури околу 30 степени.


Исто така, Балканот во споменатиот период го очекува многу променливо и нестабилно време, а постои опасност и од локални поголеми невремиња и поплавувања, променливо и нестабилно ќе биде и во нашата Македонија, а ова ќе биде проследено со засилен до силен јужен и југозападен ветер (над 75 км/час). Метеопати, бидете внимателни деновиве, поради тоа што Биометеоролошките услови ќе бидат крајно неповолни, а исто така проблем ќе прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашиот дел од Европскиот Континент.

Можете да прочитате

Мисајловски: Владата ја усвои Националната развојна стратегија 2024-2044

СДСМ намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност, вели Ковачки

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!