Утрински Весник
Македонија

ОГРОМНИ ТЕМПЕРАТУРНИ РАЗЛИКИ: Повеќе од 20 степени разлика помеѓу утринските и дневните температури!

Meteoalarm.mk 23.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Метеопатите овие денови да бидат крајно внимателни и да внимаваат на своето здравје, зошто? Огромна е разликата помеѓу најниските утрински и највисоките дневни температури на воздухот, со што Биометеоролошките услови се крајно неповолни, па така метеопатите овие денови може да чувствуваат поголеми здравствени проблеми, со што, мој совет е да се консултираат со својот матичен лекар за совет.


Овие денови имаме разлика меѓу најниските утрински и максималните дневни температури и тоа дури и за повеќе од 20 степени, што е премногу.

Тоа значи наутро температурите се околу или за некој степен под нулата, а преку ден тие се искачуваат до околу, па  и над 20 степени, а како што претходно во моите метео објави  , информирав дека во текот на вчерашниот ден (сабота  8 март) на Скопје Петровец беа измерени дури рано – летни 27 степени.

Сето ова е поради невообичаено топлата воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ кон нашиот дел од Европскиот континент.

Можете да прочитате

Околу 4900 помалку запишани првачиња од лани, едносменска настава воведена во над 200 училишта 

Германец бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда

Завршени вонредните инспекциски надзори за лекувањето на пациентката С.М. од Струмица