Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Zelenski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по рускиот напад врз градот Добропилија во Доњецк, во кој загинаа најмалку 11 лица, изјави дека таквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети и дека затоа е важно да се зајакне воздушната одбрана на Украина, како и да се заострат санкциите против Русија.

Тој нагласи дека сè што му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната против Украина мора да биде блокирано.


Зеленски напиша на Фејсбук дека повеќе од 30 лица, меѓу кои пет деца, се ранети во нападот.

Тој наведе дека се оштетени пет станбени згради, една управна зграда и едно противпожарно возило.

Зеленски рече дека руските сили истрелале две балистички проектили во центарот на градот Добропилија, а потоа уште една кон спасувачките служби кои пристигнале на местото на нападот.

Во регионот на Доњецк е прогласен ден на жалост за жртвите од синоќешниот руски напад врз градот Добропилија. 

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони