Утрински Весник
Економија

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Ujp.jpg

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека заврши со надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова фукционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати. 

Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, барањата за издавање на нови кодови да ги поднесат преку системот е-Даночни услуги.


Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи ” во подмени „Барање за издавање на клуч за спремање на плати”. Издадените кодови ќе бидат поставени на вашите профили на системот е-Даночни услуги во наведеното мени.

Дополнително, информиравме дека обврзниците кои се одлучиле МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 06 – ти март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати. 

Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот начин на пресметка на платите.

Можете да прочитате

СДСМ: Стандардот на граѓаните опаѓа –  Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултати

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски