Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тимчо Муцунски и Пирамид Солушнс се во центарот на тендерската мрежа на ДПМНЕ, ќе објавиме се

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Тимчо Муцунски, не само што нема да добие извинување од СДСМ, туку во следните денови ќе се соочи со целата вистина за неговото работење. 


Муцунски е меѓу оние кои се во центарот на тендерската мрежа за која СДСМ има преку 50 случаи со докази и документи, за тоа како се испумпувале пари од локалните буџети. 

Наместо да се сили преку соопштенија и да бара извинување за нешто што е реалност и објавено на сите сајтови за јавни набавки, нека се подготвува за одговорност за скандали со вмрежување на неколку компании со партијата и создавање на партиско-бизнис соју. Дали на криминален начин се вршело главното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период?

СДСМ располага со сите докази за лица кои се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери. Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста. 

Денес Муцунски треба да одговори: Зошто ја продолжува праксата од општина Аеродром и во МНР? Во Аеродром и доделил на Пирамид Солушнс 4 милиони евра во проекти, сега во МНР продолжува со прв договор за настрешница од пола милион евра. Колку од овие пари се зацршени во ВМРО-ДПМНЕ?

Дали го оживува криминалниот проект Скопје 2014 преку кој ВМРО-ДПМНЕ украде преку 750 милиони евра за стиропор и лажен барок? Дали продолжува кражбата на народни пари преку овој проекто кој беше оквалификуван како грабеж на векот од европските медиуми? 
Времето на Муцунски му отчукува, време е да одговара за своите бизнис шеми на штета на граѓаните.

Можете да прочитате

Студено утро, сончево и топло преку ден

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата