Утрински Весник
Економија

За пет посто повисоки трошоци за живот во февруари 2025

Denari Pari.jpg

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, изнесува 0.5 %, информира Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.5 %, Здравје за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %.


Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.0 %, Облека и обувки за 0.3 %, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0.2 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година изнесува 99.4.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.2 %.

Можете да прочитате

За овие работни места не ви треба факултет, а платите во Скопје се над 1.000 евра месечно

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Работниците во ФАКОМ излегуваат на генерален штрајк поради неисплатени плати