Утрински Весник
Македонија

Едни сакаат да слават 8ми Март, но немаат пари, други сметаат дека тоа не е прав начин на празнување на жената – Граѓаните за празникот (ВИДЕО)

Screenshot 20250307 142140 Gallery.jpg

Утре се празнува интернационалниот ден на жената – 8ми Март, ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

И додека порано овој ден се празнуваше со традиционални маршови и протести за правата на жената и со истакнување на нејзината незаменлива улога во општеството и семејството, денес се почесто овој ден се претвора во ден за купување на подароци и цвеќиња за понежниот пол.


Граѓаните се со поделени мислења кога е во прашање 8ми Март. Повеќето жени сметаат дека треба да се слави, но не на овој начин – со собирање по кафулиња и купување на скапи подароци, бидејќи како што велат се губи смислата на празникот.

-Секој ден го славиме 8ми Март, затоа што сметам дека не треба биде само тој ден, денот на жената, туку секој ден треба да биде и да се празнува. Сега еве баш погледнав, купуваат цвеќиња и други работи, и мене тоа ми е искрено малку смешно, вели една од жените кои ги сними екипата на 24Инфо.

Други жени пак велат дека токму така треба да се прослави денот, со најблиските и со веселба, но има и такви кои велат веќе неколку години не успеваат да до прослават бидејќи финансиски не можат, иако е само еден ден во годината, велат се е прескапо.

Мажите пак се со малку поинакво мислење, велат знаат да купат по некое цвеќе за најблиските, но за нив тоа е ден како и секој друг, иако додаваат дека секој ден треба да се почитуваат жените, не само на тој ден.

Жените како порака испратија дека треба да уживаат во денот, да се исполнети и среќни, затоа што се сите прекрасни и посебни, додека мажите порачаа: “Да се живи и здрави жените, без нив не можеме, со нив се нервираме и тоа е тоа. Едни без други не оди”!

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

Целата анкета погледнете ја во продолжение:

Можете да прочитате

Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии

Студено утро, сончево и топло преку ден

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност