Утрински Весник
Скопје

ЕКО-Патролата на ЈП Комунална хигиена Скопје изготви 32 записника во месец февруари

Viber Image 2025 03 04 23 16 42 932.jpg

Во текот на месецот февруари 2025 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници –вкупно 11, се изготвени во скопската општина Чаир. Еко-патролата секојдневно спроведува и интервентни дежурства на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Воедно, во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Центар, Карпош и Чаир.


Во општината Центар е интервенирано на ул. Тодор Александров, на потегот кон Средно Водно, каде што се подигнати 15 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања, како и на улиците Рузвелтова и Орце Николов каде што се расчистени вкупно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања. Во општината Карпош се подигнати 15 кубни метри кабаст отпад одложени на јавна површина на улицата Прашка.

Две обемни диви депонии се отстранети и во општината Чаир, на улицата Џон Кенеди, до ООУ „Васил Главинов“, како и на улицата Славеј Планина, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати вкупно 30 кубни метри отпад одложени на јавни и сообраќајни површини.

Можете да прочитате

Без струја утре делови од Кисела Вода и Илинден

(Видео) Пожар во стан во Аеродром

Делови од Центар и Гази Баба утре без вода