
Соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи”. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит.
Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби.
За четири години колку што се на власт ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини, извршиле огромни кражби на парите на граѓаните преку матни тендерски постапки.
Десетици фирми кои се вртат и се блиски до ВМРО-ДПМНЕ вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери.
Во 12:00 часот во седиштето на СДСМ ќе биде објавен нов скандал.