Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос

1729964432 Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Наместо да се извини и даде оставка за навредите и дискриминацијата, министерката Гордана Кочоска продолжува со својот аргоантен однос, со нови навреди.


Дури Кочоска денеска упатува и заканувачки пораки демек времето ќе покажело. Покажа времето, Кочовска сите ја слишнаа како навредува и дискриминира жени.

Се лаже Кочоска ако мисли на времето за да се заборави нејзината ароганција, нејзините навредливи и дискриминаторски изјави кон жена. 

Две недели зборува на дрзок и манипулативен начин. 

Кочоска го понижи целиот женски род и тоа ќе остане запаметено.

Покажа целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер.

Жално е што токму во овој месец кога се одележува Меѓународниот ден на жената, нема никакво чувство за почит кон женте, нема доблест да признае грешка, да се извини и даде оставка.

Можете да прочитате

Коцевски го примил предлогот за разрешување

Филипче: Владата ги излажа работниците – ветуваа покачување на плати, но ништо не прават

Филипче: БДП-то е резултат на проектите кои почна СДСМ, се друго во економијата стагнира