Утрински Весник
Македонија

Сопругата на Премиерот готвеше за социјално загрозените во црковно-народната кујна во Лисиче

Img 0867478a6672ee12391f0c34133bcae8 V.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, денеска се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче, подготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани.

Мицкоска, заедно со другите волонтери од хуманитарната организација при Скопската православна епархија, учествуваше во готвењето и поделбата на храна за најранливите категории.


Црковната народна кујна „Свети Спас“, која работи под мотото „Вера… Надеж… Љубов… За сите!“, секојдневно обезбедува топли оброци за стотици граѓани во социјален ризик. Волонтерите и донациите од граѓаните и компаниите се клучни за нејзиното функционирање.

Овој хуманитарен ангажман на сопругата на премиерот доаѓа во време кога Владата најавува нови мерки за поддршка на социјално загрозените семејства.

Можете да прочитате

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Министерот Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 

Русковска го пријавила Боки 13 во полиција