Утрински Весник
Македонија

Нема воз, ама затоа ќе има железнички „One stop shop“ меѓу Македонија и Србија

Voz.jpg

Веќе неколку години во Македонија не функционира меѓународниот патнички железнички сообраќај.

Линиите до Солун, Белград, Приштина денес се само во сеќавањето на македонските граѓани.


Новата влада и министерот за транспорт и врски Александар Николоски најавија ревитализација на пругата кон Србија.

Иако оттогаш поминаа неколку месеци, на терен (барем од македонска страна) не се случува ништо конкретно, но затоа денес стигна најава за нов проект на железничката линија меѓу Македонија и Србија.

Имено на железничкиот премин Табановце, ќе се постави „One stop shop“ по примерот на патничкиот премин.

„Задоволство е да означиме почеток на уште еден проект. Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, на овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави затоа што ќе имаме „One stop shop“, покрај на патничкиот дел, истото ќе биде и во железничкиот дел кога ќе се патува со воз“ изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Таквиот заеднички премин, како што најави Николоски треба да биде завршен до 2027 година, но сепак останува нејасно дали до тогаш реконструирана ќе биде и пругата и дали на отворањето на преминот воопшто ќе има патници.

Можете да прочитате

Петровска: Армијата под политички притисок, безбедносните стандарди се рушат!

Граѓани протестираа пред ЕВН поради високите сметки за струја

Албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар во Скопје