Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

1 32.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година.

„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот.На билатералната средба со министерот Пинтер договоривме набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокруг на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Меморандумот очекуваме да го потпишеме во втората половина на 2025 година.”, истакна министерот Тошковски.


Во рамките на посетата, утрово, министерот Тошковски одржа состанок со заменикот министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте во присуство на дел од унгарската бизнис заедница каде се разгледуваа конкретни иницијативи и планови за унапредување на економската соработка.

Тошковски нагласи дека светот влегува во нов поредок со предизвици кон суверенитетот и интегритетот на нациите, предизвици во функционирањето на човековите права и слободи што уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош да останеме свои на своето.

Можете да прочитате

Дали се „исплати“ да се вози без возачка? Еве што вели законот

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство