Утрински Весник
Скопје

Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии

Viber Image 2025 03 01 17 18 04 655.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.

Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.


Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.

Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров”, на потегот што води кон Средно Водно.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.

Можете да прочитате

СДСМ: Од „72 часа чисто Скопје” до 172 дена смет, депонија и неспособност на Орце

Oдбележани 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија

Нови осум училници за 200 деца во ООУ „Јоаким Крчовски“ во Волково-Орман