Утрински Весник
Македонија

Османи: Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец!

Bujar Osmani Utre Vo Ofitsijalna Poseta Na Turtsija.jpg

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи повторно ја отвори темата премиер Албанец истакнувајќи дека „Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец“.

Тој во едно свое тв гостување изјави дека Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите.


-Не случајно беше пораката, слоганот на кампањата „Македонија повторно ваша”, „Македонија повторно горда”. Пораката беше дека Албанците ни ја земале државата, ќе ви ја вратиме повторно. Ние не сме ја земале државата од никого. Македонски интерес е Албанците да имаат амбиција да имаат премиер, што ако бараат премиер на паралелните институции? Дали ова е македонски интерес? Да се наруши унитарноста на државата? Тие треба да бидат среќни, возбудени што по толку години, Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите. Ова ја зајакнува унитарноста, вели Османи во своето гостување на ТВ21.

Можете да прочитате

Премиерот Христијан Мицкоски со највисоки почести пречекан во Унгарија

Дали се „исплати“ да се вози без возачка? Еве што вели законот

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство