Утрински Весник
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОДРЕ МНОГУ ПОТОПОЛ ВОЗДУХ ОД ЈУГ: Ќе имаме значително натпросечни температури!

Ecm1 72 1.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, од утре (среда 5 март) па се до крајот на оваа недела ќе имаме голем пораст на температурите и тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината. Времето ќе биде сончево, освен за викендот кога ќе има појава на умерена облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


И во Скопскиот регион ќе имаме многу слично време, односно сончево и значително потопло, за време на викендот ќе има појава на умерена облачност.

Што се однесува до температурите, максималните дневни од утре (среда 5 март) ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 21 степен.

Уживајте во преубавите сончеви и пролетно топли денови ко исе пред нас, иако календарски сме сеуште зима.

Можете да прочитате

Длабок зимски циклон носи обилни врнежи и над 50 сантиметри нов снег

Барел нафта над 115 долари, каква одлука за горивата денеска ќе донесе Регулаторна?

Почнува судскиот процес против Стојанче кој ја навел сопругата на самоубиство