Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ ќе настапи со најдобрите кандидати за локалните избори

Img 4391.jpeg

На својот фејсбук-профил, вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници. Тој истакна дека процесот на избор на кандидати ќе се спроведе преку широк консултативен процес, во прв ред со членството, а потоа и со сондажи меѓу граѓаните.

„Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“, напиша Филипче.


Тој додаде дека на работната средба во Кочани, со новото раководство на СДСМ, се разговарало за подготовките за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати.

Можете да прочитате

Уапсени двајца крадци – оперирале низ продавници и маркети

Богородица пак ќе биде затворана од грчките земјоделци

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски