Утрински Весник
Македонија

JO поведе постапка за демнење на градоначалникот на Неготино

Obvinitelstvo 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Демнење согласно член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка. Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од Судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски.


Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице.Ca

Можете да прочитате

Уапсен несовесниот возач кој прегази 79-годишна жена и избега

Подгответе се: Се очекуваат обилни врнежи и силен ветер, од утре пад и на дневната температура

Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко