Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Граѓаните ја препознаваат работата на Министерството – нови електронски услуги

Image 2025 03 03 093550947.png

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во вчерашното издание на неделниот магазин Детектор на ТВ Сител, министерот зборуваше за дигитализација на јавните услуги и за тоа колку министерството е препознаено од страна на граѓаните.

“Мислам дека ги оправдавме првичните очекувања, и како што гледаме според анкетата граѓаните ја препознаваат работата на министерството, и самите бројки ме радуваат затоа што покажуваат дека имаме уште за работа, но во исто време дека сме направиле значајни чекори напред. Во овие 9 месеци имаме 100 нови услуги и 25.000 нови корисници на порталот, олеснет пристап до порталот за лицата со попреченост, како и 2 нови Центри за услуги.” изјави Андоновски. Во тековната година се планирани да се отворат уште 10 нови Центри за услуги, што значи дека електронската услуга ќе биде доближена до секој граѓанин во државата.


“Споредено со минатата година бројката на искористени услуги во центрите е зголемена, оваа година планираме да отвориме уште 10 нови Центри за услуги за граѓаните, ова произлегува од два апсекти, дека дигиталната инфраструктура не е доволно раширена кај граѓаните, и вториот елемент се дигиталните вешитини кај граѓаните и она како ним им е полесно, дали самостојно или со посредник.” додаде Андоновски

Министерот најави дека од оваа недела и услугите на Агенцијата за катастар на недвижности ќе бидат достапни на националниот портал за услуги.

“Новина од оваа недела е дека услугите на катастарот ќе бидат достапни на порталот за услуги и во центрите за услуги, што значи дека доколку некој не знае како да извади извод од катастар тоа ќе може да го направи во некој од центрите за услуги.” заврши министерот Стефан Андоновски

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ ќе настапи со најдобрите кандидати за локалните избори

Ахмети: Ако е засегнат Законот за јазици и нема да има локални избори

МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција