Утрински Весник
Македонија

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“

Img 20250221 184541.jpg

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи.


Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.

Втора селекција на жирито за „Роман на годината“ за 2024 година

1. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“

2.„Тони“, Румена Бужаровска, „Три“

3.„Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“

4.„Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“

5.„Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“

6.„Простување“, Кица Колбе, „Или –или“

7.„Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“

8.„И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“ 

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна