Утрински Весник
Македонија

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март

Ministerstvo Za Obrazovanie I Nauka.jpg

Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.


Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови-се наведува во објавата на МОН.

Можете да прочитате

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

Јаневска: За жал, резултатите на ПИСА 2025 се многу лоши, имавме подобри во 2001