Утрински Весник
Свет

Шојгу со Си: Соработката меѓу Русија и Кина е пример за односите меѓу двете големи светски сили

20250228121128 Big 730x400 18.webp.webp

Соработката меѓу Русија и Кина не е насочена против други земји и претставува модел на односи меѓу двете големи светски сили, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој рече дека односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво и дека рускиот претседател го надгледува спроведувањето на договорите со Кина за широк спектар прашања.


„Русија високо ги цени постигнатите договори со Кина и има за цел да ги продлабочи“, рече Шојгу. Тој му ги пренесе на Си поздравите на рускиот претседател, кој, како што истакна, „високо ги цени доверливите, пријателските и работните односи што се развија и го следи спроведувањето на договорите постигнати со вас за широк спектар на прашања“.

Шојгу утринава пристигна во посета на Пекинг, каде претходно се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. 

Можете да прочитате

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Се скараа Трамп и Зеленски, заедничката прес-конференција е откажана

Италија по 40 години се враќа на нуклеарните централи