Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Fon Der Lajen.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Целите на ЕУ за заштита на природата, праведна енергетска транзиција и намалување на загадувањето со јаглерод остануваат непроменети, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на состанокот со претставници на европската индустрија во Антверпен.

Таа додаде дека ЕУ ќе биде неутрална и флексибилна кон технологиите што се користат за постигнување на поставените цели. Фон дер Лејен истакна дека ЕУ ќе обезбеди 100 милијарди евра за чисти индустрии и за промовирање на најиновативните компании.


-Треба да инвестираме повеќе од кога било во иновациите, повика таа.

Според неа, Комисијата ќе предложи измени на правилата за државна помош за да се забрза воведувањето иновации, како и план за постигнување пристапни цени на енергијата.

Фон дер Лајен посочи дека ќе бидат претставени дополнителни мерки за надминување на зависноста од увоз на фосилни горива. Според неа, досега тежнеењето кон транзиција кон почисто производство во ЕУ придонесе за заштеда на 60 милијарди евра.

Претходно денеска ЕК презентираше неколку предлози поврзани со намалување на цените на енергијата, промовирање на чистото производство и производство на обновлива енергија. Комисијата предложи и поедноставување на законодавството за активностите на европските компании.

Можете да прочитате

Русија изразува подготвеност да ѝ помогне на Венецуела во спротивставувањето на американската блокада

Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра