Утрински Весник
Македонија

Претставување на програмата за одбележувањето на Франкофонијата 2025

20250225165244 Big 730x400 82.webp.webp
Dik 300x250 mk

Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата денеска ќе ја претстават културната програма и другите активности за одбележување на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2025 година.

За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата ќе говорат амбасадорите на Франција Кристоф Ле Риголер, на Швајцарија Вероник Хулман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду, соопшти Францускиот институт во Скопје.


Тие ќе проговорат и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Северна Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.

Најавено е присуство и на други претставниците на земјите членки на Франкофонијата: почесната конзулка на Белгија, почесната козулка на Канада, првиот секретар во Амбасадата на Бугарија и партнерите на Францускиот институт – Музејот на современата уметност во Скопје, Кинотека, Скопје Сити Мол и Синеплекс. 

Можете да прочитате

Гаши: Пратениците се согласија за нов Изборен законик

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити, за животна средина не се знае