Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Власта „реформира“ – наместо независно, добиваме послушно правосудство

Img 3995.webp.webp

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, вечерва ги коментираше состојбите во правосудството и потезите на власта, вклучително и иницијативата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Според него, чекорите што ги презема власта водат кон партизација на правосудниот систем, иако тие се прикажуваат како реформи.

„Менувањето на кадри – еден непослушен со друг послушен – не е реформа и нема да ги убеди 96% од граѓаните кои веќе немаат доверба во правосудниот систем дека нешто ќе се смени. Вистинските реформи треба да ја зголемат довербата во независното судство, затоа што очигледно тоа ни е неопходно за да се справиме со предизвиците што доаѓаат. Иницијативата за интерпелација на Судскиот совет не нуди суштинско решение, бидејќи кадровските смени на парцијален начин не носат вистински промени. Тоа што го гледаме сега не е ништо поразлично од она што се случуваше во изминатите 33 години. Извршната власт не смее да ја контролира правосудната власт, тоа не функционира така,“ изјави Битиќи во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“.


Тој потсети дека СДСМ во својата програма се залагала за реформи, но истакна дека реформите не можат да бидат само кадровски промени, туку мора да бидат суштински и да гарантираат независност на правосудниот систем.

Можете да прочитате

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци и редовно да се одржуваат во овластени сервисери

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ

Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот