Утрински Весник
Свет

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Makron 960x539 1.jpg

– Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева дека го убедил својот американски колега Доналд Трамп да не започнува трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.

– Не можете истовремено да водите трговска војна и со Кина и со Европа. Се надевам дека Трамп го разбира тоа, изјави Макрон за Фокс Њуз по средбата со американскиот претседател во Вашингтон, пренесува Политико.


Макрон нагласи дека за Вашингтон „приоритет е воведувањето царини за Кина“ и дека истовремена економска конфронтација со Европа не е во интерес на САД.

Тој додаде дека му објаснил на Трамп дека европскиот систем на ДДВ не претставува царина и дека ЕУ никогаш не вовела царини на увозот од САД. Според него, евентуална трговска војна би го загрозила и зголемувањето на воените трошоци на европските земји, што е еден од клучните барања на Трамп.

Францускиот претседател ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата средба со Трамп на утрешната средба.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба