Утрински Весник
Македонија

Заедничкиот регионален пазар во фокусот на средбата меѓу МЕП Муртезани и Генсек Капетановиќ

Foto1 6.jpg

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ. На средбата беа разменети мислења за тековните иницијативи за регионална интеграција и улогата на Советот во поддршката на континуираниот напредок на земјите од Западен Балкан кон нивните европски амбиции.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар, кој е дел од вториот столб на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан. Муртезани и Капетановиќ ја потенцираа важноста на продлабочувањето на економската соработка и конкурентноста помеѓу земјите од Западен Балкан со цел интеграција во единствениот европски пазар, што претставува и една од основните цели на Планот за раст.


Министерот и Генералниот секретар констатираа дека спроведувањето на Акцискиот план е клучно за унапредување на економската интеграција, како и за создавање поволни услови за слободно движење на стоки, услуги и работници. Исто така, акцент беше ставен на значајноста на соработката во секторите на енергетика, транспорт и дигитализација, кои ќе ја подобрат конкурентноста на регионот и ќе придонесат за неговата економска стабилност.

МЕП Муртезани изрази благодарност за поддршката од Советот за сите иницијативи кои го унапредуваат регионалниот дијалог и интеграција и ја реафирмираше посветеноста на Република Северна Македонија да продолжи со реформските напори и да вложува во економската интеграција и усогласување со европските стандарди.

Можете да прочитате

Битиќи: Власта „реформира“ – наместо независно, добиваме послушно правосудство

Само два до девет дена, македонските граѓани дишат чист воздух

Борбата на Титани продолжува… – 24info.mk