Утрински Весник
Македонија

Николоски: Модернизацијата на охридскиот аеродром и реконструкцијата на Воената болница ќе ја финансира ТАВ како обврска кон државата од Договорот за концесија

20250217074815 Big 730x400 70 1.webp.webp

Проектот за модернизација на охридскиот аеродром и реконструкцијата и адаптација на Воената болница во вредност од 12, 7 милиони евра ќе го финансира компанијата ТАВ како обврска што ја има од Договорот за концесија. Нелогично е зошто досега никој од претходните Влади не побарале од компанијата да ги заврши обврските од договорот, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата ” Јади Бурек”.

Како што потенцираше вицепремиерот, ТАВ имаат обврска да инвестираат 15 милиони евра согласно Договорот за концесија. Изборот бил реконструкција на охридскиот аеродром за да се доближи на ниво на скопскиот аеродром, а идејата за реконструкција на Воената болница е да се направи здравствен комплекс каде ќе се овозможат високо квалитетни услуги за пациентите од цела држава.


” ТАВ ќе бира изведувачи, проектанти и тие ќе плаќаат. И тоа е предвидено со Договорот за концесија за кои тие имаат фискални обврски кон државата.  Скопскиот аеродром е реконструиран и даде нов импулс во патничкиот сообраќај,  а за охридскиот за жал тоа не се направи. Во услови кон имаме 9 нови авионски линии кои ги донесовме за неколку месеци и во услови за променет начин на субвенционирање и во услови кога најавивме 35 илјади туристи надвор од сезона, мора да имаме модерен аеродром.  Фер е да посветиме внимание и на охридскиот секако во помал обем.  Ова е прва реконструкција после изградбата од времето на Тито.   

Во однос на Воената болница, размислуваме што е најголем проблем во државата и тоа дефинитивно е здравството. Се решивме да инвестираме во комплекс кој е целовит, кој е срце на македонското здаравство и која што е главна градска болница каде доаѓаат пациенти од цела држава. Реконструкцијата ќе започне од покривот а знаете зошто, оти оперираат со прокиснати тавани. Ќе ставиме фотоволтаици на целиот покрив, трето се  менуваат сите лифтови. Четврто, ќе се срушат сите сали, ќе се донесат на нула и ќе се изградат нови операциони сали и ќе се опремат целосно. Она што за мене е најинтересно прв пат во Македонија и во регионот ќе се изгради роботска сала каде операциите ќе бидат вршени со роботи управувани од лекари. Вкупно 4000 м2 корисна површина ќе се реконструира. Понатаму предвидено е реконструкција на интензивната нега народски кажано шок соба, помошни простории, целосна промена на лаборотирии од обичните до најмодернитре. Сето заедно ќе значи комплетно нов лик на Воена болница и нов квалитет во македонското здравство и ќе гарантирам дека ќе се биде поквалитетна од приватните болници. И што е најзначано ќе ја завршпиме до месец ноември да биде функционална”- истакна вицепремиерот Николоски.       

Можете да прочитате

Борбата на Титани продолжува… – 24info.mk

Следниот месец ќе биде потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Фетаи: Коцевски треба веднаш да се разреши, го изгуби кредибилитетот