Утрински Весник
Македонија

Нова одлука: Поевтинуваат горивата од полноќ

Gorivo1.jpg

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 79,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,00 денари за литар.


За 0,012 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,178 денари.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани