Утрински Весник
Свет

Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

Makron 960x539 1.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Средбата се одржува на денот на третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина и неколку дена откако Трамп ја обвини Украина за започнување на војната, пренесе ДПА. Состанокот се одржува и откако Трамп одржа 90-минутен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин – без учество на Украина или Европа.


Минатата недела Макрон ги повика европските шефови на држави и премиери во Париз на кризни разговори, а потоа телефонски разговараше со Трамп. Меѓу другото, на средбата станало збор и за прашањето за европски мировни сили по евентуален прекин на огнот.

Се очекува Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон во следните неколку дена. Според извештаите на медиумите, Стармер би можел да го претстави концептот за мировни сили.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп