Утрински Весник
Свет

Мерц: Германија ќе има нова влада до Велигден

Img 3865.jpeg

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц, на прашањето колку брзо може да формира влада, одговори дека најпрво треба да се почека официјалната потврда на изборните резултати.

Тој призна дека преговорите нема да бидат лесни, но нагласи дека ЦДУ-ЦСУ биле подготвени за ова сценарио уште пред изборите.


„Клучно е што поскоро да се договори временска рамка за преговори меѓу партиите“, изјави Мерц, додавајќи дека очекува влада да биде формирана најдоцна до април.

„Европа очекува од нас стабилна и силна влада во најкус можен рок“, порача тој.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци