Утрински Весник
Свет

Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала

20250223102428 Big 730x400 50 1.webp.webp

Пет месеци откако лидерот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, десетици илјади луѓе се собраа рано утринава во либанскиот главен град за да присуствуваат на погребот на Насрала.

Насрала беше убиен во израелски воздушен напад во кој беа фрлени повеќе од 80 бомби врз главниот оперативен штаб на либанската милитантна група.


Насрала е еден од основачите на Хезболах, кој го водеше повеќе од 30 години и успеа да го направи моќна воена сила на Блискиот Исток, и затоа неговата смрт претставува голема загуба за оваа проиранска милитантна организација.

Погребот на Насрала и на неговиот наследник Хашем Сафиедин треба да се одржи на спортскиот градски стадион Камил Шамун на периферијата на главниот град, каде што се поставени огромни плакати на двајцата, јави Тајмс оф Израел.

Стадионот има капацитет од околу 50.000 луѓе, но организаторите на Хезболах поставија илјадници дополнителни седишта на теренот и многу други надвор, каде присутните ќе можат да ја следат церемонијата на огромен екран.

На погребот говор ќе одржи актуелниот лидер на Хезболах, Наим Касем

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран