Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито?

Image 2025 02 23 135324374.png

Интегрален текст од прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата!


Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори:  дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност”од страна на министерот и вицепремиер Изет Меџити и неговиот кабинет?

Не е прашањето дали Меџити бил лишен од своите надлежности, прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 година е констатирана злоупотреба на службенета должност.

Бараме веднаш Решението на инспекторатот да биде јавно објавено. Јавноста мора да им увид во сите детали.

Особено што според информациите кои треба да се потврдат оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле уценувани и условувани.

Ова се сериозни индикации за робусна корупцијата  во врвот на владата на Мицкоски.

На колку бизнис компании им е барано мито? Дали Меџити барал мито? Кој е се оштетен?

СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство за отворат предмет и да преземат соодветни постапки.

Очигледно зад превезот на лажниот патриотизам се крие корупција и злоупотреба на државните институции од страна на ДПМНЕ и ВЛЕН.

Нема да дозволиме ваквите скандали да останат без правна завршница последици. 

Надлежните институции мора да реагираат.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор