Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

Sdsm 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи. 


Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија. Во недостаток на реална политика и успеси, ВМРО-ДПМНЕ се фрли на лаги и манипулации со сета сила. Го разбираме нивниот гнев во ситуација кога немаат ниеден конкретен успех на ниедно поле, ниту политики со кои граѓантие живеат подобро.  

ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира агресивна тенденцијата и силеџиство во јавниот простор, нешто што единствено знаат да го прават кога се во криза. Оваа политика на етикетирање и манипулации кои беа одлика на мрачните времиња од режимот очигледно се враќаат.

Ставовите на СДСМ по однос на сите прашања се јасни и нив ги пренесуваат претставниците на партијата, секој обид ова да се искриви од ВМРО-ДПМНЕ е само доказ за нивната неспособност да испорачаат политики во интерес на граѓаните.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје