Утрински Весник
Македонија

Нов дефект остави друг дел од Тетово без струја после 16 часот

Kuba Bez Struja.jpg

Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје.

-Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на дефектот, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.


Претходниот дефект на истата 110 киловолтна трафостаница „Тетово 1” беше причина без струја да бидат околу 5000 корисници.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат