Утрински Весник
Свет

Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ

20250220103149 Big 730x400 15.webp.webp

Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (EPPO) уапси двајца осомничени за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, со што буџетот на ЕУ бил оштетен за над 60 милиони евра.

Според истрагата, осомничените увезувале биодизел од САД во Европската Унија, но лажно го прикажувале неговото потекло.


Тие биле во притвор во Белгија од мај 2024 година, а неодамна биле екстрадирани во Холандија, каде што ротердамскиот суд им одреди истражен притвор.

Осомничените се товарат дека организирале криминална шема во која американски биодизел бил претставуван како производ од Мароко, а во друга измама – како биодизел од искористено масло за јадење од Босна и Херцеговина. Во реалноста, станувало збор за поевтин биодизел од соја (SME), со што се избегнувале антидампинг давачки наметнати од ЕУ.

Истрагата започнала по пријава од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) и ја водат холандските финансиски власти. Само во Холандија, штетата се проценува на 49 милиони евра, а истрагата во Белгија сè уште трае. 

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран