Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Не работи единствениот ПЕТ скенер за онколошките пациенти, бараме одговорност од директорката Маневска и од Таравари

1729964432 Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. 


Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени.

Неодостаток на лекови, катастрофалните услови, долгите чекања, недостатокот на медицински кадар – голготата на онколошките пациенти не запира! 

Немаше лекови за биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега цели еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер. 

Пациенти од целата земја, чие лекување зависи од оваа дијагностичка процедура, власта ги остави без неопходната медицинска услуга.

Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да управуваат со здравствениот систем, но цената за нивната неспособност ја плаќаат граѓаните и пациентите.

Ова мора да запре! СДСМ бара одговорност од директорката, Невена Маневска, и од министерот за здравство, Арбен Таравари. 

Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура. Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!

Можете да прочитате

Намамиле 14-годишно девојче, го претепале и го снимале нападот во Куманово

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Лекар, менаџер и долгогодишен аналитичар – новиот министер за здравство Сашо Клековски