Утрински Весник
Свет

Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот не е далеку од Третата светска војна, но дека неговото претседателство ќе ја спречи таа катастрофа.

– Брзо се движам за да ги завршам војните, да ги решам конфликтите и да донесам мир во светот. Сакам мир. Никој нема корист од Третата светска војна, а вие не сте далеку од неа. Ако администрацијата на (поранешниот претседател Џо) Бајден останеше уште една година, сега ќе бевме во војна, изјави Трамп на самитот „Инвестирање во иднината“ во Мајами.


Тој ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на преговорите меѓу САД и Русија, нарекувајќи ги „голем чекор“.

Претходно, Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „просечен комичар“ и „диктатор“.

„Ја сакам Украина, но Зеленски ја уништи својата земја. Милиони луѓе загинаа, а тој не може да ја запре војната без да разговара со Русија“, рече Трамп, кој претходно влезе во жестока дебата со Зеленски на социјалните мрежи. 

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза