Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ахемти е во постојан контакт со Груби

Izet Mexhiti 585x366 1.jpg

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми”, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.

„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи”, рече Меџити.


Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Протест во четврток – блокада кај „Жена борец“ против институционална игноранција

Од петок поригорозни казни: 40 евра за поминување пешачки со телефон во рака или слушалки