Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Следува дополнително големо заладување, проследено со северен ветер (над 60 км/час)!

T2m 029 Crop.png

Во текот на претстојната ноќ, како и утре (среда 19 февруари) следува понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североистокот на Европскиот Континент, поточно од Русија. Во ваква ситуација температурите до утре изутрина насекаде ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека на планинските места, како и на Скијачките центри тие ќе се спуштат и под -10 степени.

Локално ќе провејува и снег и ќе биде променливо облачно која утре (среда 19 февруари) постепено ќе се намалува облачноста и ќе настапува целосно постепено разведрување на времето. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието и во југоисточните предели (повремено и локално со брзина до околу, па и над 60 км/час).


И во Скоспкиот регион следува дополнително големо заладување на времето, проследено со засилен ветер од северен правец (во делови од котлината со брзина повремено до околу, па и над 60 км/час). Има услови и за слабо провејување на снег во текот на претстојната ноќ. До утре наутро температурата во Скопскиот регион ќе се спушти до околу -4/-5 степени.

Можете да прочитате

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите

Реномирано меѓународно жири ќе одлучува за наградите од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Преку езерото“

Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува