Утрински Весник
Македонија

Oпера и балет демантира дека е укинат попустот за студенти

Venue Mob.jpg

Во врска со информацијата  дека Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа, Националната опера и балет, со соопштение објави дека „информацијата е неточна и неоснована“. 

Националната опера и балет останува целосно посветена на исполнување на обврските утврдени со Меморандумот за соработка, потпишан помеѓу Министерството за култура и Унијата на студентите на УКИМ (УСС УКИМ). Како што е наведено во овој меморандум, а во согласност со одлуката на Управниот одбор на НУ Национална опера и балет од  14.02.2024, студентите имаат право на попуст од 50% на влезниците. При купувањето на билети, потребно е да се приложи индекс (во физичка или електронска форма) за идентификација.


Важно е да се нагласи дека попустот не е укинат и студентите ќе продолжат да ја искористуваат оваа погодност. Политиката на НОБ во однос на попустите за студентите останува непроменета, а институцијата ќе продолжи да ги исполува своите обврски во рамките на постоечките договори и Меморандумот за соработка“, се вели во соопшението од НОБ. 

Можете да прочитате

Опожарен автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов

Меѓународна потерница по лицето кое избега од Полициска станица во Кочани

Стојаноски: Опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада