Утрински Весник
Македонија

Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на лозата и овошките

Lozja.webp.webp

Стабилното време минатата недела со ниски утрински и дневни повисоки температури во границите на просекот ја одржуваат состојбата на мирување кај земјоделските култури која е неопходна за овој период од годината, велат агрометеоролозите од УХМР.

Тие препорачуваат, ако почвените услови дозволуваат земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, со подготовка на површините во пластеничкото производство и со евентуално со прихранување на есенските посеви.


-Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши на крајот на февруари и почетокот на март, нагласуваат агрометеоролозите.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде од -1 до 7 степени.

Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Во среда ќе дува засилен северен ветер.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДСМ смени курс и стана антиамериканска?

ВРЕДИ: ДУИ да го почне ветингот од својот претседател

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца